Kапитенот на Португалија, Кристијано Роналдо се појави во почетниот состав на вечерашниот натпревар од Лигата на нации против Франција. За 35-годишниот напаѓач овој меч беше 167. за националниот тим.
Во оваа статистичка категорија, Роналдо е убедливо лидер во својата земја пред Луис Фиго кој има 12 настапи.
Во Европа, тој дојде на третото место, достигнувајќи ги Летонецот Виталиј Астафиев и Шпанецот Икер Касиљас.
Само Шпанецот Серхио Рамос (174) и Италијанецот Џанлуиџи Буфон (176) играа повеќе од Роналдо за европските репрезентации.
Во светот, Роналдо го дели 11-то место со Астафиев и Касиљјас. На следниот натпревар ќе влезе во Топ 10.
Светскиот рекорд сè уште го држи Египќанецот Ахмед Хасан со 184 репрезентативни настапи.