На „Архангел“ се пее преку маски седнати на столчиња

Од:

Со строг протокол кој го почитуваат сите до еден почна концертот на „Архангел“ во рамки на „Таксират“.

Фронтменот на групата, Ристо Вртев, пред почетокот на песната Превез повика на почитување на мерките, бидејќи само така ќе ѝ се помогне на културата.

“Уметноста не се јаде во чинија, но таа е насушна потреба, особено во вакви времиња. Никогаш во животот не сум имал концерт во ваква атмосфера, но се надевам дека сите заедно ќе успееме да ни биде убаво”, рече тој.

Сцената во Борис Трајковски има одлична сценографија, звукот е одличен, а седумчлениот бенд е на висина на задачата.

При влезот се мереше температура на секој посетител, се вршеше дезинфекција, а столчињата се поставени на растојание на два метри и смее да седи по еден човек.

Ова е прв рок-концерт на Архангел на кој не е дозволено играње.

Би можело да ве интересира

Таксират Фестивал 25 започнува во јануари

Ана Ололовска

Заврши годинешното издание на музичкиот фестивал „Таксират“

А1он

Финале на 23. „Таксират“ – ќе настапат Брејча, Партибрејкерс, Мизар, Санаториум

Ана Ололовска

Финалето на 23. „Таксират“ утревечер со Брејча, Партибрејкерс, Мизар и Санаториум

А1он

Нови протоколи за работа за кафетериите и рестораните

Предраг Петровиќ

Заев за непочитување на протоколите на собирите: Нема договори меѓу партиите, ветивме дека ќе ги почитуваме мерките

Кристијан Ландов