Семејството на Никола Пековиќ потврди дека поранешниот кошаркар е во болница и дека има коронавирус, но дека неговата состојба не е загрозена.
Во изјавата на семејството на Пековиќ се вели дека тој е во болницата во Подгорица од петокот и дека дише апсолутно независно.
– Сите негови витални параметри во врска со кислородот се сосема во ред. Тој е стабилен цело време, но со консултации со лекарите беше договорено дека е подобро да остане во здравствената установа. Тоа е процес што е во тек, се вели во соопштението.
Поранешниот кошаркар на Партизан и репрезентацијата на Црна Гора е заразен со коронавирусот и првите информации беа дека тој е во сериозна состојба, но за среќа – тој е стабилен.