Со нови протоколи се отвораат игротеките безбедни за децата

Од:

Групацијата на забавни, рекреативни и едукативни дејности во рамки на Услужната комора при Сојуз на стопански комори на Македонија го поздрави носењето на протоколите за отворање и работа на игротеките, кое значи и нивно повторно отпочнување со работа. Според Групацијата, со целосно почитување на протоколите, игротеките се подготвени да овозможат безбеден и сигурен престој на децата.

-Групацијата на игротеки при ССК ги известува родителите и дечињата дека согласно протоколите подготвени од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство, а прифатени од Владата, по седум месечна пауза се овозможува игротеките да ги отворат своите врати за прослава на детските родендени, посочуваат во соопштение.

Оттаму појаснуваат дека протоколите изготвени од Комисијата за заразни болести содржат над триесет мерки и активности со чие почитување и имплементирање во пракса ќе се спречи ширење за заразни заболувања. Вработените во игротеките, родителите и децата ќе ги почитуваат протоколите, просторите и предметите редовно ќе се дезинфицираат и проветруваат.

Според претседателот на Групацијата за забавни, рекреативни и едукативни дејности Трајко Николовски, родендените конечно ќе може да се слават во безбеден, сигурен и дезинфициран простор.

-Многу подобро за сите нас е дејноста да продолжи и да се одвива во чиста средина, во контролирани услови со почитување на протоколите и преземање на ригорозни мерките за заштита на личното како и на колективното здравје. Затоа повелете резервирајте термин во вашата омилена игротека, да продолжи детската радост за нивниот најважен ден, истакна Николовски.

Игротеките и едукативните центри беа затворени со владина уредба пред седум месеци и се меѓу последните дејности за кои се дефинираат правилата за отворање и работа. Во изминатиот период прославите на детски родендени се организираа, во небезбедни неконтролирани услови без работа на игротеките, што со носењето на протоколите се очекува да се надмине.

Би можело да ве интересира

Ангелоски: Очекуваме што е можно побрзо Владата да ги договори условите за унгарскиот кредит

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

ССК: Кинескиот пазар стратешка цел за извозот на македонската храна и вино

ССК: Со данокот на солидарност опфатени иновативните, успешни компании, а не и банките кои остваруваат огромни профити

Ангелоски: Секое замрзнување на цените има консеквенци, ние преферираме слободен пазар

Ана Ололовска