Американскиот претседател Доналд Трамп ќе присуствува на состанокот помеѓу претставниците на Белград и Приштина во Белата куќа, а во втората рунда од разговорите, која започна попладнето по локално време, веќе се вклучила неговата ќерка.
Иванка Трамп, која ја извршува функцијата советничка на Претседателот, според информациите од Вашингтон, е добро запознаена со позициите на двете страни и активно ќе се вклучи во предлагањето решенија за спорните точки.
Според српската страна, на Србија за време на разговорите ѝ бил понуден документ што може да се нарече ултиматум за признавање на независноста на Косово, а тоа било проследено со силен притисок да се потпише документот.
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, кој не е директно вклучен во разговорите, изјави дека претседателот Вучиќ „на брутален начин“ ја одбил десеттата точка од документот, во која се бара признавањето на Косово.
Покрај ова, на маса е ставен и економски план во вредност од неколку милијарди евра преку кој треба да се зајакне Србија со инвестиции во инфраструктурата, а вклучува и отварање на неколку нови фабрики.