Родители во Шведска со месеци ги држеле трите деца заклучени, од страв да не се заразат

Од:

Шведски суд им ги одзеде правата на старателство над три деца на родители од градот Јоншепинг, кои со месеци ги држеле децата затворени во домот, од страв да не се заразат со коронавирусот.

Родителите ги затвориле трите деца, на возраст од 10 до 17 години, во нивните соби, каде што им носеле храна. На вратата од куќата, исплашените родители заковале даски, за да спречат секаков обид да се излезе од куќата. Децата, кои исто така биле држени одвоени едни од други, од март до јули не излегле од домот.

Поради ова, судот одлучил да ги одвои децата од семејството, кое потекнува од друга земја. Според адвокатот на децата, родителите не зборуваат добро шведски и изјавиле дека се воделе според информациите за пандемијата од земјата од која доаѓаат, каде на сила се многу построги рестриктивни мерки. Во Јоншепинг инаку во јануари беше забележан првиот случај на Ковид-19 во Шведска.

Тие негираат дека не ги пуштале децата да излегуваат од домот и најавија дека ќе вложат жалба на одлуката на судот.

За разлика од повеќето држави, Шведска ги затвори училиштата само за учениците над 16 години, додека помладите одеа на училиште, при што се инсистираше на редовно присуство. Семејства, вклучително и такви со членови кои се од високоризични групи, беа казнувани затоа што не ги пуштаат децата на училиште.

Земјата забрани собири од над 50 луѓе, а им препорача на граѓаните да држат физичка дистанца и да работат од дома колку што можат. Продавниците, баровите, рестораните и фитнес-центрите останаа отворени изминативе месеци, а земјата во борбата против пандемијата досега повеќе се потпираше врз граѓанското чувство, отколку на законите и забраните.

Би можело да ве интересира

Шведската полиција откри кинески брод во близина на можна саботажа на два кабли на Балтикот

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања

Пукање во Шведска: Тешко ранет е тинејџер

Пукање во Малме, најмалку едно лице загина

Двајца Британци убиени, па запалени во Шведска

Горан Наумовски

Аларм во Стокхолм: Поради можна бомба евакуирана е Централната железничка станица