Фреди Блом од Јужноафриканската Репубика, за кој се веруваше дека е најстариот човек на светот, почина денеска на 116-годишна возраст.
Fredie Blom, a survivor of the 1918 Spanish Flu, believed to be among the world’s oldest people died on Saturday in South Africa, at the age of 116. The death was not related to coronavirus, the family said. #SouthAfrica https://t.co/qnNg6Bpl4Y pic.twitter.com/kFKR9Mk1kl
— RFI English (@RFI_En) August 22, 2020
Документите на Блом покажуваат дека тој е роден во покраината Источен Кејп во мај 1904 година, но Гинисовата книга на рекорди никогаш не го означи како најстар човек на светот.
Кога бил тинејџер, целото негово семејство починало како резултат на пандемијата на шпански грип во 1918 година. Преживеал две светски војни и апартхејдот.
Семејството на Блом изјави дека тој починал од природна смрт.Тие не веруваат дека неговата смрт е поврзана со коронавирусот.