Талат Џафери останува претседател на Собранието

Од:

Претседател на Собранието во новиот парламентарен состав ќе биде Талат Џафери од ДУИ, кој и досега ја беше на оваа функција.

Информацијата ја потврди мандатарот за состав на новата влада и лидер на СДСМ Зоран Заев на прес-конференцијата по средбата со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

– Ние договоривме претседател на Собранието да остане Талат Џафери, рече Заев.

Заев и Ахмети објавија дека ја прецизирале и потврдиле рамката за идната соработка меѓу владината коалиција.

-Меѓу СДСМ и коалицијата „Можеме“ и ДУИ постигнат е коалициски договор за создавање парламентарно мнозинство, за распределба на одговорности, состав и принципите на новата влада со полн мандат која во следните четири години ќе работи посветено на интересите на граѓаните и на државата, рече Заев, кој посочи дека ќе ја предводи владата во следните четири години.

Засега официјално се уште не се објавени имиња на следните министри во новата влада.

Би можело да ве интересира

Владата го усвои предлог Законот за јавно обвинителство

Влада: Донесена е одлуката за прогласување на кризна состојба во траење од 7 дена поради неможноста за набавка на мазут

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

Владата да се избира со „извршен Бадентер“, предлага Али Ахмети

Катерина Ѓуровски

Наводите на СДСМ се целосно неосновани, неточни и претставуваат груба клевета, реакција од Владата

Ахмети: ОВК не беше насочена против ниту еден народ, туку дека се бореше за слободата на својот народ