СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

Од:

Покрај тоа што земаа бугарски државјанства за себе и своите семејства, имаат фирми во Бугарија – сега ангажираа фирма од Бугарија да ја промовира своја (не)работа. Генералниот секретаријат на Владата склучи нов договор вреден околу 350.000 евра со „Фрајдеј Комуникации“ за видео и фото продукција и комуникациска кампања за владините проекти. Косопственик на фирмата е бугарска компанија со седиште во Благоевград, велат од СДСМ.

– Срам немаат Мицкоски и неговата банда, која со лаги и поделби дојде на власт. Другите ги нарекуваа предавници. Самите земаа бугарски пасоши, отворија фирми во Бугарија, а сега со народни пари ангажираат бугарска фирма да им ја промовира „успешната“ работа. Ова е лицемерие без граница. Ова организирана криминална група со Мицкоски, која еднаш го продава големиот патриотизам, а денес ги троши парите на граѓаните преку бугарски фирми, за да прикажат дека нешто работат. Не работат ништо освен криминал и корупција. Тоа го прават и не престануваат. Додека граѓаните се мачат со празни фрижидери и нови долгови, Владата плаќа стотици илјади евра за сопствена промоција преку бугарски канал. Срамота, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Мицкоски ги поништува реформите – сака целосна партизација и контрола на безбедносните служби

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври

Катерина Ѓуровски