Во Премиер лигата од следната сезона повторно ќе бидат дозволени само три измени, тоа беше решено на средбата на англиските прволигашки клубови.
Според британски Би-Би-Си, клубовите гласале да се вратат на старото правило затоа што сметале дека повеќе промени им одговараат на најсилните и најбогатите.
ФИФА дозволи уште две измени поради обемот на работа на фудбалерите по „рестартирањето“ на сезоната, првично до септември, а потоа го продолжи тоа правило до август 2021 година, како пробен период.
Ова значи дека пет измени, доколку така решат надлежните, ќе можат да се користат во репрезентативните натпревари, ЕУРО и Копа Америка, следното лето.