ФИТР го запира финансирањето на фирми што ја злоупотребиле државната помош

Од:

Фондот за иновации и технолошки развој ја запира реализацијата на проектите од компании што се најдоа на листата на УЈП за неисплатени минимални плати од државна помош.

Како што информираат, станува збор за три активни проекти, од кои за еден се досега исплатени финансиски средства (Гери Ван Симон ДООЕЛ), а кои се предмет на мониторинг од страна на меѓународна ревизорска куќа. За активните проекти на останатите две компании (МСТ Солушн и Лини 08 ДООЕЛ) досега не се исплатени финансиски средства од Фондот.

Овој чекор следи по објавените податоци од УЈП и Генералниот секретаријат на Владата, што укажуваат на несоодветен однос на овие компании кон работниците, особено во време на глобална пандемија со КОВИД 19. Истото, сериозно влијае врз угледот, а со тоа и капацитетот на овие компании за реализација на предвидените проекти. Потсетуваме дека капацитетот, како и поширокото влијание на проектите се дел од критериумите за евалуација и доделување на финансиска поддршка од Фондот, стои во соопштението.

Додаваат дека одлуката во однос на натамошниот статус на овие проекти ќе биде донесена од страна на Комитетот за одобрување на инвестиции на Фондот, а по завршување на процедурите пред надлежните институции задолжени за реализација на државната помош за минимална плата.

Фондот за иновации и технолошки развој, истакнуваат, спроведува строги процедури и механизми за заштита на јавниот интерес и средства, што важи за сите корисници, без исклучок.

Би можело да ве интересира

CompanyWall трговска марка – валидна референца за успехот на македонските компании

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

ФИТР со реакција: Внукот на Ахмети барал повеќе пари за иновации ама му одобриле само 82.000 евра

А1он