Таравари: Гостивар ќе ја спушти рампата на депонијата „Русино“, за нејзината иднина не е исклучен и референдум

Од:

Општината ќе ја спушти рампата за камионите на комуналните претпријатие од другите општини кои носат отпад на регионалната депонија Русино. Оваа одлука ја соопшти градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на јавната дебата која вечерва се одржа во летниот амфитеатар. На дебатата беше напоменато дека решението треба да биде по волја на народот, а за тоа може да се распише и референдум.

Дебатата ја организираше локалната самоуправа, по неколкуте пожари кои се случија изминативе два месеци и по протестот на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“. Покрај граѓани, еко активисти, во расправата учествуваа и претставници на повеќе државни и локални институции.

Повеќето од граѓаните во дискусиите ги критикуваа властите дека недоволно се грижат за здравјето на луѓето и дека наметнуваат решенија кои се штетни и неодржливи на подолг рок. Повеќето беа недвосмислени во барањето, депонијата да се затвори.

– Ова е многу значајно, бидејќи за работите кои се однесуваат на граѓаните јавно се дебатира. Тоа досега не се правело. Поканивме компетентни луѓе за да дадат одговори. Вечерва расчистивме и многу дилеми. По дебатата дојдовме до заклучок дека Русино ќе биде отворено само за отпадот од општина Гостивар. За ваквиот исход им најавив и на колегите од Врапчиште и Маврово Ростуше да не праќаат камиони со отпад, рече Таравари.

Тој напомена дека во наредниве денови ќе се разгледаат можностите за да се организира и референдум на кој граѓаните ќе се изјаснат дали Русино и натаму ќе опстои како регионална депонија.

Еко-активистите и поддржувачите на Граѓанска иницијатива „Стоп Русино – чист воздух за Гостивар“ најавија дека од недела ќе го блокираат патот кон депонијата, а од локалната самоуправа побараа да се преземат мерки за да се изгасне огнот кој гори на депонијата и да се спречи нејзино повторно палење.

Би можело да ве интересира

Таравари: Ќе се обидеме да најдеме заеднички јазик со коалицијата „Вреди“ за локалните избори

Горан Наумовски

Алијанса за Албанците бара нови истраги за претходните трагедии „Дурмо Турс“, „Беса Транс“ и „модуларната болница“ во Тетово

Таравари: Ние сме дел од ВЛЕН, ќе се трудиме до крај да најдеме решение, ако не сами ќе одиме на избори

Алијанса за Албанците, крилото чиј лидер е Арбен Таравари, денес одржува собрание на партијата

15-годишно момче од Гостивар силувало петгодишно девојче

Левица: Таравари ги остави без лекови пациентите со карцином и дијабетес