Манчестер Јунајтед одигра само 1-1 со Вест Хем во натпревар од 37. коло од англиската Премиер лига и ќе треба да трепери за своето место во топ 4 оваа сезона.
Една рунда пред крајот, момчињата на Оле Гунар Солскјер собраа 63 поени и се искачија на третото место, но во последното коло можат да паднат на петтата позиција и да останат надвор од зоната на Лигата на шампионите.
„Чеканите“ (14-ти на табелата) се спасија од испаѓање и во теорија, откако собра 38 поени.
Интересно е што во последното коло петтиот Лестер (62 бода) е домаќин на Манчестер Јунајтед и во случај на победа, „лисиците“ ќе го истуркаат рекордерот по титули во Премиер лигата од топ 4 доколку Челси (63 бода со натпревар помалку) земе барем еден бод вечерва од мечот со Ливерпул на гости или како домаќин на Вулверхемптон во недела.