Индија: Почина 4-годишно девојче, кое беше во кома по силување

Од:

Индиско четиригодишно девојче, што беше во кома по силување, почина во болница во Нагпур, пренесува ДПА, повикувајќи се на весникот „Тајмс од Индија“.

Девочето, со тешки повреди на мозокот, изминатите 10 дена беше на апарати за анимирање. Причина за смртта е запирање на работата на срцето.

Починатото девојче беше нападнато и силувано во село во индиската сојузна држава Мадја-Прадеш. Уапсени се двајца осомничени.

Активистите за човекови права тврдат дека сексуалните напади врз жени и девојчиња во Индија продолжуваат и ја обвинуваат полцијата дека не прави доволно напори за спречување на ваквите злосторства.

Сексуалните напади се најдоа во центарот на вниманието по групното силување на студентка во автобус во ЊуДелхи во декември, што предизвика масовни протести низ целата земја.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) „Пекол“ на денот на изборите во Индија: Луѓе умираат

Соборен рекорд: Измерени 52 степени

(ВИДЕО) Најмалку деветмина загинати, а 64 се тешко повредени во експлозија во хемиска фабрика во Индија

Индија: Најмалку девет лица починаа од топлотен удар

Пијан малолетник во Индија со „порше“ усмрти две лица, за казна мора да напише есеј

Четири деца загинаа, 12 се повредени во сообраќајна несреќа во Индија