ЈАР ги престигна Мексико и Чиле според бројот на заболени од коронавирус

Од:

Република Јужна Африка ги надмина Мексико и Чиле според бројот на потврдени случаи на заразени со коронавирус.

Според Министерството за здравство на Јужна Африка и американскиот универзитет „Џон Хопкинс“, Јужна Африка сега е шестата земја во светот според бројноста на заразени лица.

Од почетокот на пандемијата во оваа земја се регистрирани 324.221 лица со коронавирус, што е повеќе од половината од заразените на целиот африкански континент, пренесуваат американските медиуми.

Според Министерството за здравство, од почетокот на пандемијата се регистрирани 4.669 смртни случаи поврзани со коронавирус.

Епицентарот на вирусот е провинцијата Готенбург, која ги вклучува големите градови Јоханесбург и Преторија.

Во оваа провинција, каде што живее четвртина од вкупното население во ЈАР, од почетокот на пандемијата се регистрирани повеќе од 117. 000 случаи на коронавирус.

Би можело да ве интересира

Фармери ја убиле Марија и уште една жена, со нивните тела ги нахраниле свињите: Случајот ја шокираше Јужна Африка

(ВИДЕО) Големи бранови предизвика хаос во Јужна Африка: Природна појава усмрти две лица

Османи во Њујорк: Ќе се воспостават дипломатски врски со Јужноафриканска Република

A1on

Младата Верушка Нел од ЈАР ги именуваше убијците пред да почине во болница

Во Јужна Африка загинаа 18 лица во престрелка со полицијата

Научниците алармираат поради новата варијанта на Ковид-19

Горан Наумовски