Лажни негативни резултати од тестови за Ковид-19 се продаваат за 40 евра на грчко-бугарската граница

Од:

Во пограничните области меѓу Грција и Бугарија деновиве се појавиле лажни резултати од тестови за коронавирус, кои се нудат по цена од 30 до 40 евра, јавуваат грчките медиуми.

Според извештаите, грчките власти деновиве спровеле инспекции и контроли во местото Промахонас на границата, при што е утврдено дека постои група што продава лажирани потврди за туристи што сакаат да ја преминат границата. Грција од пред неколку дена бара негативен ПЦР-тест за Ковид-19 не постар од три дена за сите туристи кои сакаат да влезат во земјата.

Според грчките медиуми, збор за потврди што се продаваат за цена од 30 до 40 евра и кои покажуваат негативни резултати од тестот на коронавирусот. Документите кои се откриени биле од неакредитирани лаборатории, кои го пишуваат името на пациентот на негативен тест за парична надомест.

Поради откриената измама, решено е од следната среда да бидат прифаќани само тестови од 100 референтни лаборатории на Балканот.

Портпаролот на грчката влада, Стелиос Пецас, вчера, најавувајќи ги новите мерки за коронавирусот, рече дека кај Промахонас детаљно ќе бидат проверени тестовите што покажуваат негативни резултати и дека во случај на лажни тестови, ќе бидат пропишани санкции.

Би можело да ве интересира

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната