Меморијален Куп на Македонија во спортски риболов во Дојран

Од:

Во Дојран денеска се одржа првиот меморијален Куп на Македонија во спортски риболов, во дисциплината ловење крап.

Натпреварот што се одржа на езерцето „Истатов“, а на кој учествуваа 10 екипи, го следеше и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Тој изразувајќи благодарност до организаторите на Купот, им ги додели наградите на најдобрите екипи и поединци и најави дека преку програмите на министерството ваквите активности секогаш ќе се поддржуваат.

– Овие манифестации на Македонија и се потребни за да покажеме убавина и да промовираме можности за развој на туризмот, истакна Димовски и додаде дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе оддели околу еден милион денари за порибување на Дојранското езеро со автохтона риба и за понатамошен развој на спортскиот риболов како привлечна туристичка атракција.

Денеска беше најавено дека државното првенство во спортски риболов ќе се одржи во Дојран на 17-ти мај.

Би можело да ве интересира

Поради незаконски лов, приведени четири лица од Гевгелиско

Предраг Петровиќ

Приведени три лица во дебарско, затекнати при незаконит лов

А1он

Русија ќе и забрани риболов на Британија во Баренцовото Море

ЕУ и Велика Британија се договорија за квоти за улов во заедничките рибни фондови во 2022 година

А1он

Проблемите во риболовот во последен момент го одложија договорот меѓу Лондон и ЕУ

Во Делчево одржан меморијалниот натпревар во спортски риболов „Сандански 2020″

Ана Ололовска