Лајачак: Дијалогот Белград-Приштина е вратен на вистинскиот пат

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, по видео средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти изјави дека дијалогот Белград-Приштина е вратен на вистинскиот пат.

– Драго ми е што можам да кажам дека по самитот во Париз и денешната средба, дијалогот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина, со посредство на ЕУ, по 20 месеци се врати на вистинскиот пат, изјави Лајчак.

Тој рече дека на состанокот биле договорени главните елементи на процесот и агендата на следната средба, што ќе се одржи во живо во четврток во Брисел.

Видео конференцијата меѓу Белград, Приштина и преговарачот на ЕУ траеше околу 2,5 часа.

Одржани се билатерални консултации на двете страни со министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел и специјалниот претставник Мирослав Лајчак.

Лајчак им се заблагодари на двете страни за нивната конструктивна посветеност за време на денешната видео-средба.

Во Брисел оценуваат дека состанокот е „успешно завршен“, иако се очекуваше дека можеби ќе трае подолго.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски