Филе: Дојдов да ја охрабрам Србија, на патот кон ЕУ

Од:

Европскиот комесар за проширување на ЕУ, Штефан Филе изјави синоќа дека дошол во Белград за да ја охрабри Србија да продолжи во донесување на храбри одлуки и визијата на патот кон ЕУ.

-Дојдов за да честитам за она што го постигнавте во последно време, на вашиот европски пат, да изразам поддршка и да ве охрабрам да продолжите во тој правец-изјави Филе.

Тој дојде во Србија, недела дена по постигнувањето на договор помеѓу Белград и Приштина и неколку дена по препораката на Европската комисија за започнување на преговорите на Србија и ЕУ.

Европскиот комесар наведе дека во текот на посетата ќе разговара за идните чекори на Србија на европскиот пат, како што е и имплементацијата на договореното, но и дека ќе се фокусира на реформите.

-Утре на конференција ќе разговараме за различни прашања, вклучувајќи и борба против корупција и реформите во правосудството-најави тој.

Европскиот комесар кој на новинарите најпрвин им се обрати на српски јазик, им нагласи дека ова се важни денови за Србија и нејзините граѓани.

Тој им се заблагодари на граѓаните и изрази задоволство што има можност да биде дел од пишувањето нова историја на Србија.

-Ова не е посебен момент само за Србија, туку и за ЕУ и мене лично-заклучи тој.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија