Србија тврди дека допрва претстојат преговори околу договорот со Приштина

Од:

Имплементацијата на договорот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е од суштинско значење за Србија и вистинските преговори допрва треба да почнат, изјави синоќа советникот на српскиот претседател Томислав Николиќ, Марко Ѓуриќ.

– Импелементацијата е од суштинско значење за нас. Вистинските преговири дури сега претстојат, бидејќи договорот ја поставува само рамката, нагласи Ѓуриќ при гостување во емисија на белградската телевизија Б92.

Тој потенцира дека со постигнатиот договор во Брисел се решаваат само еден дел од проблемите, додека и натаму останува да се решат некои прашања кои Белград ги смета за исклучително важни, како она за „имотите на протераните Срби, за Српската православна црква и за учеството во централните институции“.

Ѓуриќ најави дека Србија ќе започне кампања со која на земјите што се уште не го признаваат Косово како независна држава би требало да им се објасни дека договорот не е „чекор кон признавање на независноста, туку кон нормализација на односите меѓу Србија и дел од нејзината територија“.

– Договорот на ниту еден начин не ја признава потребата Косово да биде третирано како независна држава, потенцира Ѓуриќ, додавајќи дека Србија со спогодбата де јуре не го признала Косово, како што тврди косовскиот премиер Хашим Тачи.

Според Ѓуриќ, Косово не може да стане членка на ОН, како ни на ЕУ.

– Договорот не предвидува на Приштина да и се овозможи членство во ОН и во другите меѓународни организации и Србија нема да прифати нешто такво, исткана советникот на српскиот претседател.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија