Македонската кошаркарска репрезентација во ноември ќе одигра две средби од квалификациите за Европското првенство во 2021 година на гостински терен кај Естонија и Италија.
Светската кошаркарска федерација ФИБА донесе одлука заостанатите натпревари да се играат во ноември, а „црвено-жолтите“ ќе гостуваат на 27 ноември кај Италија, додека три дена потоа следи гостување кај Естонија.
Во случај да не може да се игра и во текот на ноември, тогаш натпреварите од тој „прозорец“ ќе бидат одложени, односно преместени за февруарските термини, соопшти ФИБА.