Пандемијата на коронавирусот забрзано се шири во Африка, предупреди регионалната директорка на Светската здравствена организација (СЗО) за Африка, Матшидисо Моети.
– Заразата се шири надвор од главните градови на африканските земји, а спречувањето на пандемијата е отежнато поради недоволен број тестови и друга опрема, рече Моети, додавајќи дека тешките случаи на заразени со Ковид 19 и смртните случаи остануваат нерегистрирани од страна на надлежните.
Досега, Африка е најмасовно зафатен континент од пандемијата, а повеќе од една четвртина од случаите се пријавени во Јужна Африка.
– Вкупниот број случаи на заразени со вирусот во Африка е околу 200.000, додека бројот на починати е 5.000, а 75 проценти од случаите на тој континент се регистрирани во десет земји, рече Моети.