Од компанијата „Sony“ минатата недела го одложија планираниот онлајн настан околу новиот PlayStation 5 поради организираните протести ширум светот.
Компанијата го објави новиот датум, а настанот се очекува да се одржи на 11 јуни.
Целото внимание ќе биде посветено на новата едиција на Плејстејшн конзолата која многумина ја оценија како „иднината на гејмингот“.
На настанот ќе бидат презентирани вести околу техничките можности на „Пи- Ес 5“ како кои нови игри ќе бидат достапни на пазарот, а ќе можат да се играат на овој уред.
See you Thursday, June 11 at 1:00pm Pacific time (9:00pm BST) for a look at the future of gaming on #PS5: https://t.co/9XJkXYProo pic.twitter.com/8EoN34UPdd
— PlayStation (@PlayStation) June 8, 2020
Се претпоставува дека хорор акцијата „Резидент ивл 8“ ќе биде претставена на настанот.
Од компанијата најавија дека планираат настанот да се прикажува на нивниот Јутјуб канал, но и преку социјалната мрежа Твитер.