Путин ја прогласи 2021 за година на науката и технологиите во Русија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ во кој се наведува дега 2021 во земјата ќе биде Година на науката и технологиите.

Целта на декретот е натамошен развој на науката и технологијата во Руската федерација, се објаснува од претседателскиот кабинет.

Шефот на државата и наложи на својата администрација да формира организациски комитет за Годината на науката и технологиите. Негови копретседатели ќе бидат вицепремиерот Дмитриј Чернишенко и помошникот на претседателот Андреј Фурсенко. Главниот акционен план ќе биде разработен и одобрен од руската Влада.

Путин ги објави своите планови 2021 година да ја претвори во Година на науката и технологиите на 24 декември на состанокот на Одборот на доверители на Московскиот државен универзитет Ломоносов.

Би можело да ве интересира

Путин испрати предупредување до Западот: Нема да дозволиме никој да ја подели Русија

Шефот на НАТО: Русија сее раздор во Босна и Херцеговина, гледаме сецесионистичка реторика

Финска: Нема разговори со Русија

Путин: Западот не смее да има монопол на вештачката интелигенција

Финска и се закани на Русија со затворање на сите граници

Путин: Неопходно е да се размисли како да се запре трагедијата во Украина

Горан Наумовски