„Младина“: Партијата на поранешниот премиер Шарец со поголем рејтинг од СДС на Јанша

Од:

Словенечкиот неделник „Младина“ објави истражување на јавното мислење според кое партијата на поранешниот премиер Маријан Шарец (ЛМШ) има поголем рејтинг од партијата на актуелниот претседател на Владата Јанез Јанша (СДС).

Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, според анкетата која ја направи Центарот за истражување на јавното мислење при Факултетот за социјални науки во Љубљана, партијата ЛМШ на Шарец ужива доверба од 14,5 отсто од испитаниците, додека во СДС на Јанша веруваат 14,4 отсто.

По нив следуваат Социјал-демократите од 8,9 отсто доверба, а четврти се Левица.

Овие резултати претставуваат и промена во расположението кај граѓаните, бидејќи во повеќето анкети изминатите месеци СДС имаше значителна предност пред ЛМШ.

Би можело да ве интересира

Словенката Сабина е пронајдена мртва, несреќната жена ја убиле нејзиниот сопруг и неговата љубовница

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

Словенија протера руски дипломат, Русија најави одговор

Горан Наумовски

Се предаде поранешниот полицаец од Брежице кој пукаше кон полицијата

Во Словенија: Пензиониран полицаец се заклучи во куќа и се заканува со оружје

Горан Наумовски

Онколошки скандал во Љубљана: Опериран здрав човек, отстранет неговиот желудник

А1он