Во тропска бура во Салвадор и Гватемала загинаа 14 лица

Од:

Најмалку 14 луѓе загинаа во првата тропска бура оваа сезона во Тихиот Океан, која ги погоди Салвадор и Гватемала.

Бурата Аманда вчера го зафати брегот на Гватемала и се претвори во силно невреме, кое ги погоди двете земји во централниот дел на Америка, предизвикувајќи поплави и прекин на електричната енергија.

Поради опасност од лизгање на земјиштето, претседателот на Салвадор, Најиб Букеле вчера прогласи 15-дневна вонредна состојба, со можност за продолжување.

Министерот за внатрешни работи на Салвадор, Марио Дуран изјави дека ситуацијата е многу тешка, 14 луѓе загинале, а нивниот број би можел да се зголеми. Најголем број од жртвите биле во главниот град Сан Салвадор и предградијата.

– Во Сан Салвадор најмалку 4.200 лица, чии домови се уништени, биле евакуирани и сместени во засолништа, истакна градоначалникот Ернесто Мујшонт.

Директорот на Цивилната заштита на Салвадор, Вилијам Хернандез нагласи дека поради излевање на реките биле поплавени повеќе од 200 куќи во земјата. Тој, исто така, додаде дека има лизгање на земјиштето, улиците се поплавени и во прекин е електричната енергија.

Агенцијата за превенција на катастрофи во Гватемала соопшти дека се очекува продолжување на поројните дождови во следните часови, што ќе предизвика дополнително излевање на реките и поплави во јужниот дел на крајбрежјето.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,2 степени во Гватемала

ВИДЕО: Ужас во Ел Салвадор, најмалку 12 жртви во навивачко стампедо

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

ВИДЕО: Брутален нов мегазатвор во Ел Салвадор

Ана Ололовска

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Во Ел Салвадор за 50 дена уапсени 30.000 членови на криминални банди

А1он