Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Од:

Силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Гватемала и ги потресе другите земји од Централна Америка и делови од јужно Мексико.

Според извештаите, тоа не предизвикало материјална штета, пренесува Ројтерс.

Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека земјотресот во средата бил на длабочина од 252 километри со епицентар на околу 2 километри југоисточно од општината Канила во Гватемала.

Агенцијата за природни катастрофи во Гватемала соопшти дека нема извештаи за штети, а службата за цивилна заштита на јужната мексиканска држава Чиапас, исто така, пријавила дека нема повредени или материјална штета.

Соседниот Ел Салвадор на Твитер објави дека нема опасност од цунами поради земјотресот.

Би можело да ве интересира

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Ана Ололовска

Мексико ја затега безбедноста на границата со Гватемала

Ана Ололовска