Седуммина загинати во бунт во затвор во Гватемала

Од:

Најмалку седум лица загинаа во затвор во Гватемала, соопшти Министерството за правда, пренесе ДПА.

Окружното обвинителство од Куецалтананго го изведе увидот на местото на трагедијата, во Центарот за рехабилитација „Кантел“ во Куецалтананго, на западот од Гватемала.

Според локалните медиуми, седумте жртви биле затвореници убиени за време на бунт во затворот.

Канцеларијата на Народниот правобранител (Прокурадор де лос Дерехос Хуманос, ПДХ) соопшти дека „насилството резултирало со смрт на неколку лица“ и констатира дека затворот е пренаселен за 200 проценти, пренесе германската агенција.

Омбуцманот соопшти дека отворил истрага за настаните во центарот за рехабилитација.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,4 степени ја погоди Гватемала

Горан Наумовски

Камионет падна во провалија во Гватемала, загинаа 17 лица

Ана Ололовска

Гватемала осуди поранешни војници на 30 години затвор поради силување домородни жени

Ана Ололовска

Претседателот на Гватемала воведе вонредна состојба на северот од земјата по насилните протести против рудниците за никел

Ана Ололовска

Во Атина запленија 350 кила кокаин сокриен во вреќи со кафе од Гватемала

Жарко Настоски

Мексико ја затега безбедноста на границата со Гватемала

Ана Ололовска