Пакистанското Министерство за здравство соопшти дека носењето маски е задолжително на јавните места каде што има многу луѓе како што се џамии, пазари, трговски центри и јавен превоз.
Одлуката е донесена поради големиот број новозаразени во последните денови, додека во последните 24 часа се регистрирани 3.039 нови случаи.
Во текот на изминатиот ден во земјата починале 88 луѓе, што досега е најголем број на починати за еден ден.
Во Пакистан досега се потврдени 69.496 заразени со Ковид-19, а починале вкупно 1.483 луѓе.