Бројот на деца кои живеат во сиромаштија ќе се зголеми на 672 милиони

Од:

Две главни детски организации наведуваат дека бројот на деца во земјите со сиромашни и средни приходи, кои живеат под границата на сиромаштија, може да се зголеми за 86 милиони, на вкупно 672 милиона до крајот на оваа година, како резултат на економското влијание на пандемијата.

УНИЦЕФ и хуманитарната организација за заштита на правата на децата „Спасете ги децата“ (Save the children) во анализа објавена денеска наведуваат дека речиси две третини од сите деца кои живеат во сиромаштија се во субсахарска Африка и Јужна Азија.

Земјите во Европа и Централна Азија сега може да забележат зголемување од 44 проценти во регионот, додека во Латинска Америка и на Карибите зголемувањето би можело да биде околу 22 проценти.

Двете организации повикаа на брзо и масовно проширување на системот за социјална заштита и низа програми, вклучително и парични трансфери, училишни оброци и детски додатоци за решавање на итните финансиски потреби.

Би можело да ве интересира

Полицијата пронајде две мали деца на улица, децата им се предадени на родителите

Горан Наумовски

Левица: Додека функционерите уживаат во луксуз, секое трето дете во Македонија живее во сиромаштија

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

ТикТок повторно на мета: Поднесена уште една тужба за собирање податоци за деца

A1on

Америка до Израел: Ако е вистина дека се убиени 14 деца, тие не се терористи

A1on

Повредени две деца на велосипед во Скопје – ги удрил со автомобил 20 годишник