„Блиц“: Во декларацијата за Војводина ќе остане спорната реченица

Од:

Претседателот на Владата на Војводина Бојан Пајтиќ и заменик-претседателот на Лигата на социјалдемократите на Војводина (ЛСВ) 

Бојан Костреш вчера се договорија спорната реченица „автономијата на Војводина е историско и природно право на нејзините граѓани и со нивната волја Војводина е во составот на Србија“ да остане во текстот на Предлог-декларацијата за заштита на уставните и законските права на покраината.

Тоа беше и условот претставницви на ЛСВ во Владата да го поддржат текстот на декларацијата.

Весникот „Блиц“ пишува дека коалицискиските партнери во Владата вчера најпрво се договориле да изработат нова декларација, во чие составување освен Демократската партија (ДС), ќе бидат и ЛСВ и Сојузот на војводинските Унгарци (СВУ).

Но по изјавата на лидерот на ЛСВ Ненад Чанак дека партијата не е консултирана околу изработката на Предлог-декларацијата поради тоа што ДП има „комплекс на виша вредност, лоши и арогантни манири во однос на коалициските партнери“ во Владата на Војводина настана вистинска збрка.

Заменик-претседателот на Лигата ги предупреди претставниците на ДП во покраинската Влада дека доколку ја исфрлат клучната реченица од деларацијата, што Пајтиќ и јавно го најави, ќе останат без поддршка на двајцата членови во Владата од таа партија, но и без поддршка од пратеничката греупа на ЛСВ.

Би можело да ве интересира

Голем пресврт: Пикси го повика отпишаниот голман на ЕП

Предраг Петровиќ

Уапсено е момчето кое претепа наставник во Бачка Паланка

(ВИДЕО) Снимка од моментот кога се урна рингишпил во Куршумлија: Повредени тринаесет деца

13 деца се повредени во Куршумлија, уапсен е сопственикот на рингишпилот

Горан Наумовски

Се урна рингишпил во Куршумлија, едно дете е тешко повредено, 12 деца минале со полесни повреди

Горан Наумовски

Кинескиот претседател Џипинг денеска во Србија