Ниту еден лидер на партија не ги прифатил датумите за избори од Заев, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Ниту еден лидер на партија не ги прифатил датумите кои ги понудил претседателот на СДСМ, Зоран Заев, брифираат извори од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, спорен е и ставот на СДСМ изборните дејствија да продолжат со укинување на вонредната состојба, бидејќи, Заев и техничкиот премиер Спасовски претходно се согласиле дека ДИК ќе треба да каже колку време им треба за подготовка на изборите. Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека ако се укине вонредната состојба, тоа не значи и веднаш почеток на изборниот период.

„Заев е осамен во желбата за брзи избори на сметка на здравјето на граѓаните. Неговите позиции и лицитација со датуми не беа прифатени од ниту еден учесник на лидерската средба. Заев дојде неподготвен, исклучиво спремен да разговара за датуми, а не и за заштита на здравјето на граѓаните. Невистина од Заев е и таа дека укинувањето на вонредната состојба ќе значи и веднаш почеток на изборен период. Тоа не може да се толкува на тој начин, и преставува противправно толкување на изборниот законик. Не е точна изјавата на Заев дека “изборите се прогласени” . Изборите не може да се прогласени, кога договор за датум нема, а датумот пред се зависи од три фактори:оценка за здравствената состојба од Комисијата за заразни болести, мислење од ДИК за превземање на дејствија и подготовка за избори, како и обезбедување на набљудувачи на изборите од ОБСЕ и ОДИХР кои ќе обезбедат целосно покривање и мониторинг на мисијата“, брифираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Извори оттаму додаваат дека поради Заев, лидерската средба се претворила во политиканство. Но, задоволни се што планот на Мицкоски во четири точки е прифатен, притоа, сметаат дека на престојните избори тие ќе издвојат победа.

Заев, пак, по лидерската средба, рече дека 22 дена по укинувањето на вонредната состојба, изборите мора да се одржат бидејќи така е пропишано со уредбата која е донесена за нивно одлагање. Тој рече дека ако Пендаровски не ја продолжи вонредната, изборите треба да се одржат на 8 јуни, а ако има нови 30 дена, ќе треба да се на 7 јули.

„Единствена законска можност е закажување на изборите согласно Уредбата со која беа одложени, 22 дена од завршување на вонредната состојба во државата. Се потенцираа и одредени датуми. Ако нема трета вонредна изборите од 17 мај плус 22 дена се на 8 јуни. Ако има нова вонредна од 30 дена изборите би биле на 7 јули. Ако се направи вонредна за две седмици датумот е 21 јуни, ако е само 1 седмица избори може да има на 17 јуни. Така стојат правните аспекти. Никој не се спротивстави на ваквите правни аспекти“, рече лидерот Заев и нагласи дека ако изборите бидат на 14 јуни, има рок од 30 дена за покани до ОБСЕ /ОДИХР кои ќе ги следат изборите, а има и доволно време ДИК да го ажурира Избирачкиот список.

Би можело да ве интересира

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

Како што потврди дека Заев гради 42-катница, сега Филипче да одговори како ја стекнал златната виза и на кое име му е станот во Дубаи?

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски