А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Заев: Дали ќе се оди од врата на врата за изборите треба да каже Комисијата за заразни болести

by А1он12/05/2020 - 18:5012/05/2020 - 18:58798
Share0

Треба да го прифатиме првиот можен момент и веднаш да одиме на избори, рече лидерот на СДСМ Зоран Заев по лидерската средба. Лидерите ги расчистиле несогласувања околу свикувањето на Собранието. Заев рече дека утврдиле дека се исцрпени сите можности за свикување на Собранието откако претседателот на Собранието и Уставниот суд се изјаснија дека нема таква можност.

Следете a1on на Instagram Instagram

„Единствена законска можност е закажување на изборите согласно Уредбата со која беа одложени, 22 дена од завршување на вонредната состојба во државата. Се потенцираа и одредени датуми. Ако нема трета вонредна изборите од 17 мај плус 22 дена се на 8 јуни. Ако има нова вонредна од 30 дена изборите би биле на 7 јули. Ако се направи вонредна за две седмици датумот е 21 јуни, ако е само 1 седмица избори може да има на 17 јуни. Така стојат правните аспекти. Никој не се спротивстави на ваквите правни аспекти“, рече лидерот Заев и нагласи дека ако изборите бидат на 14 јуни, има рок од 30 дена за покани до ОБСЕ /ОДИХР кои ќе ги следат изборите, а има и доволно време ДИК да го ажурира Избирачкиот список.
Лидерите заеднички констатирале дека ништо не е поважно од здравјето на граѓаните, а заеднички утврдиле и дека имаат доверба во здравствениот систем и институциите. Очекуваат Комисијата за заразни болести да утврди посебен протокол за изборите.

„Констатиравме дека ќе мора да живееме со коронавирусот. Во сите вакви околности заклучивме дека Владата треба да побара одговор од Обсе/Охдр дали ќе бидат подготвени да ги следат изборите и претседателот Владата и Владата да побараат од здравствената комисија протоколи за однесување, за тоа што се смета за собир затоа што големи собири нема да има, колкаво групирање ќе биде дозволено, дали да се оди од врата на врата“, рече Заев кој очекува овие протоколи да бидат соопштени на следната седница.

Следната недела на повторна средба Заев најави дека лидерите треба да испроектираат датум за изборите за да може да почнат подготовките оти и покрај тоа што изборите се веќе прогласени и есента е ризична, опозицијата денес не била спремна да разговара за датум оти сакале да „купат“ уште некоја седмица.

Следете a1on на Youtube YouTube

„Од прошетките во Аеродром, во Охрид, во мојата Струмица се гледа дека се потешко се почитува полицискиот час. Живеењето во таканаречени џебови, како што велат здравствените работници може да биде наш начин на живот. Штабот веќе предложил олеснителни мерки и следната седмица ќе има олеснителни мерки. Ќе се отворат рестораните. Треба да одиме на избори“, објасни Заев.

izborikoronavirus mkdZoran Zaev

Би можело да ве интересира

Ана Брнабиќ се обрати до ЕУ поради студентски предизборен спот: „На Вучиќ му се закануваат со силување“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 19:07

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Предраг Петровиќ21/09/2026 - 16:50

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 19:2111/09/2026 - 19:24

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Предраг Петровиќ11/09/2026 - 17:31

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски11/09/2026 - 14:2511/09/2026 - 14:26

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

Горан Наумовски11/09/2026 - 12:31
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео