ДОМ: Одговорност за масовниот верски собир во Струга

Од:

Зелената партија ДОМ бара од Министерството за внатрешни работи и Основното јавно обвинителство да спроведат итна истрага за денешниот масовен верски собир во Струга.

„Во време кога на територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба и пропишани се посебни ограничувања и мерки за заштита од КОВИД-19 вирусот недозволиво е групирање по било кој основ.

По објавените фотографии на социјалните медиуми од масовниот собир, ДОМ бара Министерството за внатрешни работи да одговори зошто полициските службеници не реагирале за прекршувањето на мерките?

Зелената партија ДОМ апелира до сите граѓани да се придржуваат до мерките со цел побрзо надминување на корона кризата и зачувување на јавното здравје“, пишува во соопштението на ДОМ.

Би можело да ве интересира

Архиепископот Стефан ја откажа посетата на Американско-канадската епархија поради здравствени причини

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

МПЦ му одговори на Вучиќ: Црквата во Скопје е МПЦ-ОА и е отворена за сите

Горан Наумовски

Почнува десеттото јубилејно издание на фестивалот на краток филм „Дрим Шорт“ I

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“