12 тони средство за дезинфекција – донација за полицискиот синдикат

Од:

Вкупно 12 тони средство за дезинфекција „мултисепт форте“, спакувано во 1.200 канистери од 10 литри, денеска донира Друштвото за информатичка технологија „Сеавус“ за потребите на Македонскиот полициски синдикат, односно за дезинфекција на просториите и возилата на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и за противпожарните единици во целата држава.

Како што соопшти МПС, компанијата „Сеавус“ одговорила позитивно на барањето на Македонскиот полициски синдикат и посочуваат дека со оваа донација ќе придонесуваат кон подигање на степенот на заштита на чуварите во Републиката.

Од Синдикатот информираат дека уште од денес ќе почнат да ги дистрибуираат во сите објекти на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за национална безбедност, Агенцијата за разузнавање, Управата за финансова полиција и во противпожарните единици во Република Северна Македонија, а сè со цел навремена дезинфекција на сите простории и сите возила што ги користат вработените во овие институции.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он