Сари призна: Имав судири со играчите на Челси, но кога си заминував некои плачеа

Од:

Тренерот на Јувентус, Маурисио Сари, сподели интересен детал од неговите последни денови во Челси. Тој призна дека има конфликти со некои играчи на „Стемфорд Бриџ“ и дека му недостасува Премиер лигата.

– Колку повисоко се качуваш по скалилата, толку е потешко да изградиш односи со своите играчи. Точно е дека имав судири со играчите на Челси. Јас не сум човек што ги тапка другите по грб. Но, кога објавив дека си заминувам, многу играчи плачеа , рече Италијанецот, цитиран од „Фудбал Италија“.

Тој вели дека му недостасува Премиер лигата, но никогаш не би живеел во Англија.

– Не разбирам како успеваат Италијанците да живеат таму. Но, англискиот фудбал е многу добар. Сум видел на секој натпревар неверојатно високо техничко ниво и неверојатна атмосфера. Стадионите се 100% полни без оглед на конкуренцијата. Тоа е фантастично, додаде Сари.

Менторот го водеше Челси минатата сезона, освојувајќи ги со нив Лига Европа. Еден од големите конфликти во кој се вмеша таму беше со голманот Кепа Арисабалага. Како што е познато, тренерот сакаше да го замени голманот, но тој одби да го напушти теренот.

Би можело да ве интересира

Јувентус е заинтересиран за дефанзивецот на Арсенал

Јувентус на „пазарот на незадоволните“ – Лука Јовиќ прв на листата

Дебакл на Јувентус – Влаховиќ промаши пенал

Предраг Петровиќ

Јувентус бара замена за Душан Влаховиќ

Предраг Петровиќ

За Милан против Јувентус ќе брани 41 годишен голман

Предраг Петровиќ

Италија во Скопје со нов селектор, Манчини си поднесе оставка