Мајкл Коен затворската казна ќe ја отслужи дома

Од:

Мајкл Коен, поранешен адвокат на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во истрагата за импичментот сведочеше против својот екс клиент, и е во затвор зарадисерија кривични дела, сега поради коронавирусот казната ќе ја одлежи дома, јавија некои американски медиуми.

Моментално, Коен е во федерален затвор во Њујорк, каде се наоѓа од минатиот мај. Тој призна дека е виновен за измами околу финансирање на изборна кампања, лажно сведочење пред Конгресот и неплаќање даноци.

Пред ослободувањето од затворот, Коен треба да мине 14-дневен карантин, а потоа преостанатото време затворска казна ќе може да го отслужи од дома. Тој требаше во затвор да биде до ноември 2021 година.

Според информациите, 14 затвореници и седум вработени во затворот во кој Коен ја одлежува казната се заразиле со коронавирус.

Во федералните затвори на САД досега од коронавирус се заразиле 473 затвореници и 279 вработени. Од крајот на март досега починале 18 затвореници.

Би можело да ве интересира

Трамп најави дека ќе ги олесни прописите на Бајден за поседување оружје

Трамп бара Бајден да помине тест за дрога пред нивниот ТВ-дуел

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

Жалбата на Трамп против одлуката на судијата Меркан е одбиена