Хуманитарни пакети од МАТТО за 200 семејства од Валандовско и Струмичко

Од:

Стопанската комора Македонија – Турција/МАТТО врачи хуманитарните пакети со храна и средства за хигиена, на 200 семејствата, кои имаат потреба од ваков вид поддршка, особено во сегашните услови на пандемијата од Коронавирусот и во пресрет на светиот месец Рамазан.

Како што соопштуваат, пакетите се врачени на семејства од рурални средини, валандовските села Калкова, Казандол, Чаликли, Дедели, Пиристан, Бахчебос, Кочулу, Дојран и околните села Ѓопчели, Хасанли и Куртхамзали и селата во Општина Струмица – Орманли, Мемишли и Дорломбос.

Ајдован Адемоски, претседателот на МАТТО, членките на Стопанската комора Македонија – Турција, изјави дека активно се ангажирани во поддршка на јавното здравство, бизниси и населението, во услови на епидемијата, а во рамките на општествена одговорност.

-За добри дела не се зборува. Ова го кажуваме јавно, не за да се промовираме туку да го поттикнеме секој еден кој може, на кој било начин, да придонесе за поддршка на општеството, тоа да го стори, за да можеме полесно да продолжиме ден подоцна, нагласи Адемоски .

Членките на МАТТО исто така се вклучија во активностите за поддршка и солидарност во справување со ковид – кризата. Хотелот „Стон бриџ“ ги отстапи хотелските капацитети за државен карантин; ЕВН Македонија донираше 200.000 евра на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема и материјали за потребите на јавниот здравствен систем за справување со Ковид 19. Дополнително на оваа финансиска поддршка, ЕВН даде свој придонес и во подигнувањето на мобилната (полска) болница во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, донирајќи го приклучокот за електрична енергија во вредност од 10.000 евра; ВИТАМИНКА досега издвои буџет од 3,5 милиони денари за поголем број донации за набавка средства за дезинфекција и прехранбени производи; ТАБ ГИДА Македонија, (Кинг Бургер и Уста Донер) за сето време на епидемијата донираат 100 ланч пакети дневно за здравствни работници во Инфективната клиника, Клинички центар ‘Мајка Тереза‘; ХАЛКБАНК не наплатуваше провизии за налози за физички лица преку електронско работење, заклучно со 31 март и 600 клиенти, досега, прифатија грејс период од шест месеци за своите кредитни обврски; РАМСТОР на Министерство на здравство донираше 10.000 хируршки маски, 20.000 нитрини ракавици кои се медицински сертифицирани и 300 визери; АЏИ БАДЕМ СИСТИНА, стави на располагање пет мобилни болници и заедно со „ОРКА ХОЛДИНГ“ донираше 325.000 евра за справување со коронавирусот; политиката на ТАВ МАКЕДОНИЈА, е да ги задржи сите вработени и покрај видно намалена работа поради затворање на летовите, наведуваат од МАТТО.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он