А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Во Велес од вторник припадници на АРМ ќе ги контролираат влезовите на банките, поштата, маркетите и Градскиот пазар

by А1он15/04/2020 - 16:38398
Share0

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција информираше за заклучоците донесени на денешната осма седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и дека идниот вторник по Велигденските празници пред банките, поштата маркетите и Градскиот пазар во Велес за да се спречат гужвите од граѓаните ќе контролираат припадниците на АРМ, во согласност со наредбата на Државниот кризен штаб.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата. Тие после завршувањето на полицискиот час идниот вторник ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите, информира Коцевски.

Тој појасни дека сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативен план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР – Велес, АРМ, ТППЕ – Велес и на ЈКП „Дервен“, а со цел заштита на здравјето на жителите.

armkoronavirus mkdpoliciski casvelesveligden

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Предраг Петровиќ29/10/2026 - 19:01

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он23/10/2026 - 15:46

Француската полиција одлучи: Полицискиот час се продолжува до понеделник

Горан Наумовски23/10/2026 - 07:13

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Катерина Ѓуровски20/10/2026 - 15:01

Син нападна мајка во Велес

А1он12/09/2026 - 14:19

Од сабота „Безбеден град“ ќе се применува и во Велес

A1on09/09/2026 - 18:47
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео