Општествено одговорните компании постојано се обидуваат да дадат некаков придонес за моменталната ситуација во Македонија, а таква е и Филип Морис, која донираше опрема за Клиниката за инфективни болести, во вредност од 110.000 евра.
Во време на пандемија, кризата се чувствува секаде, но одговорните компании се подготвени да покажат солидарност кон заедницата.
Филип Морис, како глобална компанија, има развиено силно чувство на солидарност и целосно ги поддржуваат и ги признаваат огромните напори на Владата, но осoбено на медицинскиот персонал во Македонија во нивната борба против пандемијата предизвикана од Ковид-19.
-За таа цел, како што секогаш оваа компанија поддржувала вредни проекти значајни за општествениот развој, така и овој пат Филип Морис ТКП преку донација обезбеди вредна медицинска опрема (ЕКГ апарати, механички вентилатор, дефибрилатори, инфузиомати, монитори за инвазивно мерење притисок на пациенти, хируршки аспиратори, итн.) во вкупна вредност од 110 илјади евра, се наведува во соопштението од компанијата.
Оваа опрема, како што стои во соопштението, ќе биде дистрибуирана оваа недела и е наменета за користење од страна на медицинскиот персонал при Универзитетската клиника за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје.