А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕУРО-ФАРМ потпиша договор за набавка на 50 медицински кревети за Инфективната клиника

by А1он08/04/2020 - 11:54249
Share0

Во време на големата светска пандемија од коронавирусот и сите предизвици кои ги носи борбата против Ковид 19, менаџментот и вработените во ЕУРО-ФАРМ секојдневно го даваат својот придонес во справувањето со кризата на територија на Република Северна Македонија.

Добивај вести на вибер

„Од почетокот на кризата до денес, успеавме да одговориме на сите предизвици со максимална ангажираност на сите вработени. Најголем дел од нас, вработените во Еурофарм сме на првата линија на справување со пандемијата. Успеавме да ги одржиме активни сите постојни капацитети и да овозможиме непрекинато снабдување со лекови и медицинска опрема до аптеките и населението во нашата дражава.

Во овие тешки времиња за сите нас, обезбедувањето на секаков вид на помош за здравствениот систем, здравствените работници и пациентите се приоритет на целото општество. Водени од тоа, во изминатиов период се вклучивме и во помагање на здравствениот систем кој се справува со големи предизвици. Со наши донации вклучени сме во секојдневното снабдување со потребните лекови (дневна терапија) за сите наши сограѓани и лица кои се наоѓаат во објектите кои се именувани како Државни карантини. Исто така, во досегашниот период обезбедивме и неколку помали донации од медицински и хигиенски средства за други јавни, здравствени и социјални институции во нашата земја“, велат од ЕУРО-ФАРМ.

„Денес, нашата компанија потпиша и договор за набавка на 50 медицински кревети кои ќе бидат донирани за потребите на Универзитетската Инфективна клиника во рамките на Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“.

ЕУРО-ФАРМ изразува благодарност и поддршка на здравствените работници во земјава кои се изложени на секојдневни ризици во својата професионална работа, како и желба и повик за истрајност до сите македонски граѓани заедно да го надминеме и победиме Ковид 19.

Ние и во натамошниот период ќе останеме максимално посветени во справување со оваа тешка здравствена грижа и ќе се трудиме целосно да ги одржиме во функција сите наши капацитети. Ние постоиме за да грижиме за вашето здравје!“, соопштуваат од ЕУРО-ФАРМ.

donacija

Би можело да ве интересира

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on17/05/2023 - 11:49

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска28/12/2022 - 19:1728/12/2022 - 21:24

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

Горан Наумовски01/09/2022 - 11:21

„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Катерина Ѓуровски19/10/2021 - 11:5420/10/2021 - 08:32

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он26/08/2021 - 15:01

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски15/07/2021 - 16:5016/07/2021 - 01:20
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен