Откажан овогодишниот турнир во Вимблдон, првпат по Втората светска војна

Од:

Првпат по Втората светска војна откажан е тенискиот турнир во Вимблдон, а 134 издание на шампионатот ќе се одржи од 28 јуни до 11 јули 2021 година, соопштија All England Club (AELTC).

Причична за тоа е загриженоста за здравјето на луѓето поврзано со ширење на пандемијата предизвикана од коронавирусот.

„Мислевме на здравјето и безбедноста на сите што учествуваат на Вимблдон – гледачи, играчи, гости, членови, персонал, волонтери, партнери, работници и локалното население“, порачаа организаторите.

„По темелно и детално разгледување на сите сценарија, веруваме дека на крајот е правилна одлуката да го откажеме годинашното првенство, а наместо тоа да се концентрираме на користење на ресурсите на Вимблдон за да им се помогне на нашите локалните заедници и пошироко“.

Поради пандемијата, професионален тенис нема да се игра никаде барем до 13 јули.

Би можело да ве интересира

Димитров: Синер е најдобриот играч во моментов, но сакам таков тест

Синер го освои Австралија опен по чудесен пресврт против Медведев

(ВИДЕО) Победа со честитка „Бог се јави“: Ѓоковиќ во три сета го порази Аргентинецот Ечевери

А1он

Ѓоковиќ испиша нова историја во Мелбурн

А1он

Тенисер e суспендиран на 10 години поради местење натпревари

Алкараз ја доби наградата што АТП никогаш не му ја додели на Ѓоковиќ

Предраг Петровиќ