Европското првенство во пливање, што требаше да се одржи од 11 до 24 мај во Будимпешта, е одложено за август поради пандемијата на коронавирус, објави денеска Европската пливачка федерација (ЛЕН).
Новиот термин за ЕП е 17 – 30 август, или една недела по летните Олимписки игри во Токио.
Претседателот на ЛЕН, Паоло Барели притоа рече дека не е исклучена можноста и за преместување на ЕП во 2021 година, ако ситуацијата со коронавирусот не се подобри во наредниот период.
„Во оваа фаза е тешко, речиси невозможно, да се испланира точен датум. Затоа се договоривме со унгарските организатори да ја преиспитаме ситуацијата кон крајот на мај или почетокот на јуни“, рече Барели.