Бројот на заразените со новиот коронавирус во Португалија за еден ден се зголеми од 785 на 1.020 лица, јави денеска телевизијаата „Сик“.
Според последните податоци на здравствени власти, во земјата се регистрирани шест смртни случаи од коронавирусот.
Во средата вечер португалските власти воведоа вонредна состојба за 15 дена, но по истекувањето на рокот таа може да биде продолжена.