(ВИДЕО) Повеќе од 600 пожарникари го гаснат пожарот во Португалија

Од:

Над 600 пожарникари со помош на 189 возила, противпожарни авиони, како и со помош на локалното население работат на гаснење на големиот пожар.

Голем пожар зафати природен парк во близина на одморалиштето Кашкаис, западно од португалската престолнина Лисабон.

Како што пренесува Ројтерс, пожарот избувнал вчера во 17 часот по локално време, во планинска област која е дел од природниот парк Синтра-Кашкаис, кој зафаќа површина од околу 145 квадратни километри.

Во едно од зафатените села од пожарот, селаните се обиделе да ги спречат пламените јазици да допрат до куќите, гаснејќи го пожарот со вода од кофа и со помош на градинарски црева.

Според властите, нема оштетени куќи и нема информации за повредени.

Податоците на ЕУ покажуваат дека Португалија, која досега главно не беше погодена од топлотниот бран што предизвика голема материјална штета низ јужна Европа, обично е една од земјите на блокот најтешко погодени од пожарите.

Екстремните временски услови во јули предизвикаа рекордно високи температури во Кина, САД и многу јужноевропски земји, како и шумски пожари, недостиг на вода и зголемување на болничките интервенции поврзани со топлотен удар.

Би можело да ве интересира

13 лица загинаа во пожар во хостел во Казахстан

Горан Наумовски

Во пожар загина 78-годишен маж

Горан Наумовски

Изгоре стан во Струмица

Се испитува колку се загадени воздухот и почвата – Изгореа 14 тони хемикалии во Фалише

Анита Петровска Рајковиќ

Медицинска помош за четворица пожарникари кои учествувале во гасењето на пожарот во близина на тетовско Фалише

Активен e пожарот во тетовско Фалише

Горан Наумовски