Фудбалерот на Пари Сен-Жермен, Мауро Икарди, има намера да се врати во Италија по завршување на сезоната. Дваесет и седумгодишниот напаѓач во Париз е на позајмица од Интер.
Францускиот клуб може да го откупи неговиот договор за 70 милиони евра.
Сепак, Аргентинецот, заедно со сопругата Ванда Нара, решија да не останат во ПСЖ и да се вратат во Серија А.
Договорот на Икарди со Интер важи до јуни 2022 година. Тој е подготвен да остане во Интер доколку клубот не се согласи за неговиот трансфер во Јувентус или Наполи, клубови кои беа заинтересирани за аргентинскиот напаѓач.