ВИДЕО: Во Србија уште седум нови случаи на заразени со новиот коронавирус, вкупно 72

Од:

Во Србија денеска до 18 часот регистрирани се вкупно 72 потврдени случаи на заразени со коронавирус, објави Министерството за здравство на сајтот „Ковид 19.рс“.

Од последниот извештај до денеска во 18 часот, тестирани се примероци на 39 лица, од кои седум се позитивни и 32 се негативни за новиот коронавирус.

Три лица со полесна клиничка слика се наоѓаат во домашна изолација, додека четири лица се задржани во болница, без компликации и со стабилна општа состојба.

До 18 часот, во националната референтна лабораторија на Институтот Торлак во Белград, вкупно се тестирани 374 лица.

Во Белград може да се забележи силно полициско и армиско обезбедување по улиците.

Би можело да ве интересира

Шефот на дипломатијата на ЕУ ја предупреди Србија

Србија го доби најмодерниот воз во Европа: Од Белград до Будимпешта за помалку од три часа

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Силно невреме со град ги зафати Босна и Србија

Влатко Стефановски на 6 јули со концепт во Ниш ќе го прослави 50-годишниот јубилеј на сцената

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија