Меѓународниот избор за мис, кој требаше да се одржи на 7 април во Дијарбекир, во југоисточна Турција е откажан поради негативни реакции на јавноста, јавува турските медиуми.
Конкурсот „Мис Цивилизација на светот“ се одржува секоја година во различна држава, а оваа година за домаќин беше избрана Турција. Натпреварот требаше да се одржи во Дијарбекир со учество на убавици од 21 земја.
Поради негативните реакции на различни институции и личности сепак е одлучено изборот да биде откажан.
– Мошне сме разочарани, но не можеме да останеме на место, на кое не сме посакувани, изјави организаторот на настанот Сјоха Јозгерми.
Датумот на изборот се совпаѓа со празничната недела на раѓањето на пророкот Мухамед, што доведе до негативни реакции во врска со организирањето на овој настан.