Дачиќ: Веќе нема за што да се води дијалогот

Од:

Премиерот на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека веќе нема за што да се води дијалогот во Брисел, бидејќи косовската страна нема да ги промени своите ставови.

Дачиќ во текот на посетата на Франција својот колега Жан Марк Ероа го запознал со ситуацијата и разговорите во Брисел, оценувајќи дека Србија многу вложи во овој дијалог, што е врзан и со прашањето на европските интеграции на земјата.

-Србија практично не ни учествуваше во преговорите, туку до сега единствено учествуваше во начинот како да ги укине своите институции и Србите од северот на Србија да ги уфрли во косовскиот систем, рече Дачиќ.

Тој потсети дека прво стануваше збор за тоа Приштина да понуди широка автономија за Србите внатре во Косово, но од тоа нема ништо и Србија сега има рок до вторник да се изјасни за овој предлог.

-Веќе нема за што да се води овој дијалог бидејќи приштинската страна нема да ги смени своите ставови, рече Дачиќ и додаде дека тоа Србија ја доведува во ситуација да се наоѓа во „жив песок, жива кал“ во која секоја година тоне се подлабоко, затоа што тоа за што се залага не допира до свеста на оние кои денеска одлучуваат за ЕУ и најважните политички процеси во Европа.

Би можело да ве интересира

Силно невреме во Белград, паѓа град со големина на орев, дождот ги поплави улиците

A1on

Земјотрес на југот на Србија

Белград: Синот кој ја нападна својата мајка е непресметлив, задржан е во затворска болница

Таткото го убил во ходникот, а бабата и дедото додека гледале ТВ

Хорор во Књажевац: Млад човек со ловечка пушка си го уби целото семејството

Предраг Петровиќ

Прелиминарни резултати од изборите во Белград: СНС освои 64 мандати

A1on