Поради Ковид-19 се затвора џамијата Ал Акса во Ерусалим

Од:

Ерусалимската џамија Ал-Акса и муслиманското светилиште Купола на карпата ќе ги затворат своите врати за верниците, како мерка претпазливост против ширењето на коронавирусот, соопштија денеска исламските верски власти.

Сепак, молитвите на отворено сè уште ќе бидат дозволени во комплексот, кој е во трето најсвето место во исламот, јави „Ерусалим пост“.

– Високиот верски совет одлучи да затворите деловите од комплексот кои не се на отворено во благословената џамија Акса до понатамошно известување како заштитна мерка за да се спречи ширењето на коронавирусот. Сите молитви ќе се одржат во отворените делови на џамијата Акса, изјави одговорниот во џамијата Ал-Акса Омар Кисвани.

Би можело да ве интересира

Две лица се повредени во терористички напад во Ерусалим

Државјанин на Босна и Херцеговина ограбил џамија во Чегране

Американски дипломат е пронајден мртов во Израел

Растат тензиите во Ерусалим на две недели пред светиот муслимански месец Рамазан

ВИДЕО: Напад во Ерусалим, има мртви

Израел: Напаѓачите во Ерусалим веќе биле во затвор поради тероризам